Ако сте во потрага по совршен десерт за празничното мени, нашата пријателка Елизабета има одличен рецепт. Брза празнична торта со сочно тесто и префинет фил. Пробајте ја, нема да погрешите!

За совршен дочек на новогодишните празници покрај неодоливите Божиќни колачиња, трпезата се разубавува со солени рецепти кои може брзо да се подготват непосредно пред најлудата ноќ во годината. Солени намази, соленки, кифлички и салати се задолжителни на празничната трпеза. А Лана ни предлага рецепт за еден интересен и необичен намаз од сирење со ореви. Вкусно, ароматично и богато, баш како што прилега за една празнична трпеза!
Овој Божиќ израдувајте ги вашите најблиски со божиќна печена мисирка. Овој рецепт совршено одговара со бело вино. Печената мисирка е јадење кое се служело низ кралските дворови за време на најсвечените настани. Месото од мисирка е малку потемно и има поинтензивен вкус за разлика од пилешкото, а некои по вкус го споредуваат дури и со телешкото.
Доколку сѐ уште го немате составено вашето празнично мени, ова е супер можност да пробате нешто ново. Во светот за божиќните празници се прави божиќно лепче, кое најчесто се приготвува со суво овошје. Многу е декоративно, па со сигурност ќе ја краси вашата празнична трпеза, а со неговиот совршен, сладникав вкус, дефинитивно никого нема да го остави рамнодушен. Бидејќи ова лепче е посно, може да го послужите и за вашите куќни слави.
Направете си сами ароматична празнична декорација од портокал и каранфилче, фантастична е за секој дом! Прекрасниот мирис кој се шири низ просторот ќе ве релаксира и ќе ја разубави празнична атмосфера. Ширум светот, портокалот во комбинација со каранфилче претставува традиционална празнична декорација.