Имаш проблем со прекумерно потење? Често ти се случува да се препотиш и кога не е жешко? Познаваш блиски кои имаат ваков проблем? – Читај го овој текст до крај и дознај многу корисни информации за тебе и твоите блиски. Потењето е нормална реакција на организмот на топлина и здрав процес за подобра функција на организмот. И не само тоа, преку потењето, телото се лади и ги исфрла токсините, што е есенцијално важно гледано на долг рок. Но, ако станува збор за прекумерно потење во подолг временски период, потребно е да се испита дали е можен здравствен проблем кој треба да се третира, или само е привремена нелагодност која е нормална појава. Еве што дознавме од нашето истражување и разговорот со Д-р Нела Деспотовска.
