Лесната салата е секогаш одличен избор за вкусен и брз оброк. Оваа мексиканска салата со тестенини, полна со свежи вкусови и неодолив кремаст прелив, ве уверуваме дека ќе ви стане хит за летниот период.

Бидете здрави, силни и енергични! Зајакнете го имунитетот, подобрете ја крвната слика, направете детоксикација со „лекот“ од нашите баби! За да го постигнете тоа преку храната, може да ви помогне лековитата комбинација од мед и таан кои се први на листата на најздрави намирници! Ви претставуваме 5 креативни идеи и рецепти во кои може да додавате мед и таан, и да ги искористите придобивките од природата.
Многумина обожаваат салати со вкусни преливи. Цезар, прелив со јогурт, прелив со зачини… Листата на преливи – сосови кои може да ги користите е долга, а оброк салатите добредојдени во било кое време. А сега во вашата тетратка со омилени рецепти запишете го овој прелив за салати со јогурт, зачини и авокадо. Сигурни сме дека ќе го засакате, бидејќи салатите добиваат многу подобар и поинтензивен кремаст вкус.
Интересниот тарагон е „витален“ зачин од кујната на многу европски земји, а посебно е познат и користен во Франција. Важи за префинет зачин кој има нежен слатко-горки вкус со арома слична на анасон, па дава посебен печат на вкусот на јадењата. Тарагонот е познат како моќен носител на вкусови во кујната, почнувајќи од салати, па до главни јадења со месо и риба, во преливи и интересни прилози за гарнирање.
Летна, сочна и вкусна, баш како што му доликува на топлото време! Мусаката е традиционално проверено јадење кое сите го обожаваме, па може да се каже и без исклучок. А овој, пат, ви предлагаме да ја пробате со мали измени и во подобрена летна верзија. Време е за мусака од тиквички со мелено месо во сос!
Совршена комбинација за богат прилог кој сигурно ќе му се допадне на целото семејство! Нам веќе е ни е еден од омилените рецепти, а посебно обожаваме да го правиме за време на празници и свечени фамилијарни собири. Пробајте го и вие нашиот вкусен прилог од запечени компири со домашен тартар прелив, ќе уживате неизмерно!
Постојат многу идеи за подготовка на овој неодолив десерт, но ние денес ќе ви претставиме еден интересен рецепт за поздрава варијанта на печени крофни со прелив од чоколадо. Класичните крофни кои се пржат во масло, содржат многу маснотии, па не се најздрави, а често пати пердизвикуваат и проблеми со желудникот. Освен тоа, ретко кој може да се воздржи да не ја премине препорачаната дневна доза на калории кога јаде пржени крофни.
Кога имате вишок намирници, може да се случи да не знаете што да направите со нив. Освен, ако не добиете добра идеја како ние во овој случај! Повторно креиравме радост во нашата кујна, неодоливо вкусни потпечени безглутенски макарони со фил од печурки и прелив кој им даде изглед кој мами! Ние уживавме многу во нивниот вкус, или подобро речено беше семејна дегустативна журка!