Совети за замрзнување на приготвена храна

Често пати се случува да приготвиме повеќе храна отколку што било потребно, па истата останала. Не се препорачува приготвената храна да стои во ладилник повеќе од 48 часа, па за да не ја фрлите, замрзнете ја. На тој начин ќе заштедите време за подготовка на различни рецепти, но и пари. Затоа, следете ги овие практични совети за замрзнување на приготвена храна.