Сте пробале голем број рецепти и лекови, но не сте пронашле нешто што навистина делува? Пробајте го овој природен чај за искашлување од ленено семе и мајчина душица, кој сигурно ќе ви помогне да ја разблажите и исфрлите насобраната слуз од белите дробови.
Планирате да го зголемите семејството и неколку месеци или години се обидувате, но безуспешно? Не се откажувајте од вашата цел! Поголемото едуцирање и промената на некои навики може да ви помогнат и да ве усреќат со нов член на фамилијата. Во последните две децении појавата на „неплодни” бракови е многу честа. Ваквата состојба може да биде резултат на неплодност на жената, но сѐ повеќе и на мажот. А дали знаете дека одредена храна и витамини може да ја зголемат плодноста кај мажите? Еве што препорачуваат нутриционистите и докторите:
„Ги обожавам традиционалните рецепти од тефтерите на моите најблиски! Со задоволство споделувам уште еден семеен рецепт со долгогодишна традиција. Во оваа прилика тоа е рецепт за лутиче – домашен доматен сос без конзерванси од вкусната ризницата на свекрва ми. Дома го обожаваме сите, веќе неколку години го правам и јас, топло го препорачувам!“ – споделува Катерина од нашиот тим, која го направи и слика вкусното лутиче.
Медот е храна која се произведува скоро во секоја земја од светот. Го користиме како храна и лек, како природен засладувач на омилените напитоци и десерти, во неизмерно многу комбинации. Притоа, многумина од нас, кога набавуваат веројатно го земаат првиот што ќе им падне на ум, штом ја погледнат полицата, а дали сте се запрашале дали има разлика помеѓу темен и светол мед? – Сега ќе ви откриеме што дознавме при истражувањето на темата.
Природниот мед е познат и претставува единствена нерасиплива храна, која со тек на времето може само го менува обликот и од течна да премине во кристална форма, но не и да се расипи! Оваа одлика која е карактеристична само за медот, на уникатен начин ја истакнува неговата вредност и потврдува зошто оваа вкусна и здрава намирница била употребувана како природен засладувач уште во праисторијата, долго пред шеќерот да стане широко достапен во XVI-тиот век.
Црното семе е едно од најлековитите растенија во светот, а како лек се користи уште 2-3 илјади години пред Новата ера. Ова семе штити од мозочен удар, ги зајакнува крвните садови и заштитува од разни воспалителни процеси. Во продолжение дознајте повеќе за лековитите својства на моќното црно семе, како и за маслото кое се добива од него.
Скоро секој од нас во својот дома одгледува со љубов неколку или повеќе растенија кои го разубавуваат домот. Било да станува збор за зачински и лековити растенија како што многу често се среќава по домовите и за уживање во кујната, или пак тоа се декоративни цвеќиња, од време на време потребна им е прихрана. Па, ако забележите дека куќните растенија ви изумираат, пробајте да ги опоравите со помош на нашиот домашен и природен препарат за растенија.
Стевиата е природен засладувач кој добива од листовите на истоименото растение. Има многу ниска калориска вредност и е популарна во меѓу лицата кои практикуваат здрава исхрана и дијабетичарите, затоа што не го подигнува нивото на шеќер во крвта. На нашиот пазар најчесто се среќава стевиа во прав, па затоа се одлучивме да ве запознаеме подобро со начините на користење.
Наместо да трошите пари на скапи спреови и средства за освежување на воздух, направете сами ароматичен гел кој ќе шири пријатна миризба во вашиот дом, автомобил или секаде каде што ќе имате потреба од тоа.
Денес, стресот е една од најприсутните причини за лошо здравје. Хроничниот стрес енергетски го исцрпува организмот, предизвикува низа промени. Листата е долга – во хормоналната рамнотежа, ја намалува физичката сила и менталната способност, доведува до емоционална нестабилност, депресија, несоница, растревоженост, слаб имунитет, срцева аритмија, сексуална дисфункција, предвремено стареење, како и до експлозија на хронични болести, инфекции и карцином. А ако барате природен начин да се спротиставите на стресот, вие сте на вистинското место. Во оваа прилика ве запознаваме со Rhodiola, кој е позната како златен корен кој помага против стрес.
Што е подобро од детоксикација за здравјето, нели?! Во последно време применуваме еден лесен рецепт за подготовка, а функционален како природен детокс пијалак. Не ви се потребни повеќе од 5 минути!
Сочувајте го најдоброто од есента и спакувајте ги есенските вкусови во шише, така што ќе си направите вкусен сок од дуњи. Дуњите ги имаме во изобилство, па жално е истите да не се искористат. Од нив може да се направат вкусни џемови, мармалади и сокови. Прекрасен рецепт за густи сок од дуњи и тоа без конзерванси ни доаѓа од кујната на Лана.
Голем број луѓе имаат проблем со маснотии во крвта, а еден од главните „кривци“ се токсините во организмот. Па, ако сакате да пробате на домашен начин и самите да ја подобрите крвната слика, добро би било да го пробате овој природен сок за чисти крвни садови.
Природните препарати се ефикасни, евтини и лесно достапни, а резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа. Погледнете кои 4 начини за природен пилинг на лице во домашни услови ги издвоивме како вредни да ги пробате!
Сочен, вкусен, ароматичен, но и многу здрав! Ова е мала дефиниција за ананасот, за кој малку се знае за здравствените придобивките кои ги нуди. Благодарение на моќните ензими кои ги содржи, како што е ензимот бромелаин, овој сочен плод, освен храна, може да се нарече и природен лек. Доколку се соочувате со дигестивни проблеми, автоимуни заболувања, артритис или едноставно сакате да се храните здраво, вие сте на вистинското место. Прочитајте повеќе за моќниот ензим бромелаин и вклучете го во исхраната!