Бројот на лица кои страдаат од висок холестерол или крвен притисок на светско ниво е релативно голем. Ваквите здравствени проблеми најчесто се резултат на неправилната исхрана. Затоа е многу важно да внимаваме каква храна консумираме. За спречување на несаканите последици од неправилната исхрана, најдобро е да се зема храна богата со витамини и минерали која помага во намалување на холестеролот и високиот крвен притисок.
