Сте пробале ли похуван прокељ? Од кујната на Лана ни доаѓа баш таков рецепт!

Прокељот е мал зелен зеленчук кој по својот изглед потсетува на минијатурна зелка. Ретко се користи во македонската кујна, а бидејќи има многу придобивки за здравјето, вреди да се потрудиме почесто да го користиме. Рецепти за подготовка на прокељ ретко се наоѓаат, па затоа ќе посветиме поголемо внимание на овој многу здрав зеленчук. Започнуваме со вкусна салата од прокељ која ни доаѓа од кујната на Лана.