Покачен пролактин

7 препораки за намалување на покачен пролактин – совети од Д-р Нела Деспотовска

Неплодност, дебелина, зголемен ризик од карцином на дојката – се само дел од можните ризици кои се јавуваат при покачен пролактин во крвта. Како да се намали покачениот пролактин? Кои причини доведуваат до дисбаланс на пролактинот? – Одговор на овие прашања ни даде Д-р Нела Деспотовска која сподели и 7 препораки кои сигурно ќе ви бидат од корист.  

Како да го намалите нивото на пролактин со помош на храната?

Пролактинот е хормон кој го произведува хипофизата, а е одговорен за промените кои се случуваат во градите на жените за време на бременоста и периодот на доење. Покаченото ниво на пролактин доведува до состојба која се нарекува хиперпролактинемија која настанува како резултат на прекумерно лачење на овој хормон. Ви откриваме како на природен начин може да го намалите нивото на пролактинот.