Пролетта е убава, но исто така е и период од годината кога голем број од нас ги измачуваат сезонските алергии. Со ослободувањето на поленот од растенијата, милиони луѓе почнуваат да киваат, што е еден од првите и најчести симптоми. Бидејќи сите сме со различни потреби и карактеристики не можеме да ви дадеме посебен лек кој ќе ви помогне, но затоа пак, можеме да ве посоветуваме да преземете неколку чекори за да ги намалите и да си ги олесните симптомите. Побаравме помош од Д-р Нела Деспотовска, па во продолжение споделуваме неколку корисни совети и препораки за како да се справите со пролетните алергии.
