Во последните две години светот се соочува со пандемија на коронавирусот кој ги напаѓа дишните патишта. Со оглед на тоа дека сите сме веќе запознаени со симптомите на Ковид-19, а и двете состојби се поклопуваат периодов, малку е тешко е да ги разликуваме од алергиите и да сме потполно сигурни за што точно станува збор. Побаравме помош и мислење на темата од Д-р Нела Деспотовска која ни даде неколку совети како да правиме разлика помеѓу ковид и пролетните алергии.
