Месец март го посветуваме на жената и женското здравје! Овој пат со Д-р Нела Десптовска поразговаравме на тема – рак на грлото на матката. Раното откривање на болеста ја зголемува успешноста на лекувањето и овозможува зачувување на плодноста! Ракот на грлото на матката е еден од најчестите видови рак кој ги зафаќа женските полови органи. Речиси 600.000 нови случаи на рак на грлото на матката се дијагностицираат секоја година, а секоја минута, на една жена во светот и се дијагностицира овој карцином.
