Имате кршлива коса која споро расте? Постојано ви паѓаат влакна? – Можеби имате недостаток на витамини. Токму витамините се клучни за цврста коса со волумен и сјај. За здрава коса нутриционистите препорачуваат да се внесува храна богата во витамини.

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат сок од кромид, затоа што некои истражувања потврдиле дека може да помогне при опаѓање на косата. Се верува дека го поттикнува растот на нови влакна, ја поттикнува циркулацијата на главата и делува како антисептик.
Косата од секогаш се сметала за украс и израз на женственост кај понежниот пол, како и машкост кај посилниот пол. Засиленото опаѓање на косата е проблем кој може да се јави во било која доба од животот, а претставува голем проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. За да ја зајакнете косата и да го спречите опаѓањето ви предлагаме 3 домашни маски кои може да ги направите во вашиот дом.
Дали сте знаеле дека за побрз раст на трепките можете да применувате третман со зелен чај? Зелениот чај може да го стимулира растот на трепките, а исто така помага за одржување на нивното здравје на оптимално ниво. Главен носител на ова својство на зелениот чај се флавоноидите во неговиот состав, кои тој ги содржи во изобилство.
Губењето на косата (алопеција) е чест проблем, кој е повеќе изразен кај мажите отколку кај жените, а може да биде предизвикан од многу фактори: генетски фактор, хормонален дисбаланс, кожна болест, проблеми со тироидната жлезда, недостаток на хранливи материи во исхраната, хроничен стрес, јаки бои и други хемикалии за коса, несакани ефекти на одредени лекови.
Рицинусово масло или уште познато како течно злато за косата е вистински вредно да се применува за нега. На косата и дава здрав изглед и ја подобрува нејзината текстура, а исто така го забрзува нејзиниот раст и благопријатно влијае на нејзината структура. Густото рицинусово масло се добива со цедење на плодовите од растението рицинус, а бојата му е убава со златна боја нијанса.