кулинарско дружење 1

Кулинарско дружење со Јадранка Весковска

Драги наши читатели, како што знаете, секој месец ве запознаваме со некој од членовите на нашата група. Во денешното интервју разговаравме со Јадранка Весковска, активна членка во групата која речиси секојдневно споделува навистина вкусни јадења. Ве покануваме на кулинарско дружење во групата на Сѐ за храна. А, ако сте веќе член, ве охрабруваме да се пријавите и да бидете дел од рубриката интервју. Добредојдени се љубители на храната!

реден рататуј

Реден рататуј од сезонски зеленчук

Освежителен вкус кој потсетува на лето. Доколку сѐ уште немате пробано реден рататуј со зеленчук, ова лето ви предлагаме да го подготвите и да му приредите вистинска гозба на вашето семејство. Изобилува со сезонски зеленчук, па совршен е за сите оние кои внимаваат на својата линија. А во комбинација со маслиновото масло ова јадење е совршен и комплетно избалансиран вегетаријански оброк.

Рататуј на скара

Рататуј е традиционален француски специјалитет, чие име во превод значи мешана разновидна храна. Станува збор за лесен медитерански оброк, кој брзо се прави и е одличен начин да го искористите и изедете здравиот зеленчук. Се приготвува на различни начини, а сега имате можност да дегустирате рататуј на скара.