Некаде се нарекува зелје, а некаде штавеј. Како и да е, ливадите изобилуваат со оваа вкусна зелена храна. Излезете и наберете си. А ако не сакате сами да берете, побарајте ги во најблискиот пазар. Пазарџиите кои се љубители на природата, ги берат и ги сервираат овие уживања до нас. Искористете ја сезоната и направете разни вкусни јадења. Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим е голем љубител на храна од природата, па побаравме во нашата архива и ви оздвојуваме неколку рецепти со зелје од нејзината кујна. Пробајте ги и пишете ни во групата на Сѐ за храна како ви се допаднаа.
