Повеќето луѓе во стресните моменти посегнуваат по високо калорична храна како чипс или слатки со надеж дека ќе ја ублажат анксиозноста. Оваа храна за брзо време го подигнува нивото на ендорфин и серотонин, но сето тоа е само повремено решение кое на крај носи повеќе штета отколку корист по здравјето. Води до зголемување на телесната тежина, ниска самодоверба и лошо здравје, што уште повеќе ги потенцира стресот и анксиозноста, како и промената на телесната тежина. Токму затоа, ви предлагаме листа на здрави намирници кои го намалуваат стресот на природен начин, како и некои додатоци на природна база.
