3 домашни маски со рицинусово масло за здрава коса

3 домашни маски со рицинусово масло за здрава коса

Рицинусовото масло почна да добива се поголема популарност, благодарение на неговите квалитети за нега на косата. Овој вид на масло има антивирусно, антибактериско и антифунгално својство, што го квалификува како добар третман за проблеми со скалпот. Главната состојка на рицинусово масло е рицинолеинска киселина која ја забрзува циркулацијата на крвта во областа на скалпот, а со тоа доведува до побрз раст на косата. Во продолжение ви откриваме 3 домашни маски со рицинусово масло кои ќе ви помогнат да ја обновите и хидрирате вашата коса.

Рицинусово масло за сјајна и здрава коса

Уште одамна, од времето на древните Египјани, се користело рицинусово масло како средство за здравје и убавина. Ова масло има многу густа структура, благо жолтеникава боја и интензивен мирис. Се добива од семките на растението ricinus communis. Богато е со омега 6 и омега 9 масни киселини, витамин Е и затоа има огромна примена во козметиката за нега на кожата, ноктите и косата.