Дали некогаш ви се случило да заборавите да одмрзнете месо за да подготвите ручек? Не паничете – ние имаме супер рецепт за печење на замрзната риба со коj не мора да чекате истата да се одмрзне. Посно, супер вкусно и здраво јадење за сите генерации!

Модрите патлиџани нудат бројни можности за подготовка на вкусни јадења. Тие се вкусни и кога се подготвуваат со месо, но и во посни јадења. Наш денешен предлог за ручек се полнети „чамчиња“ од модри патлиџани. Овој фантастичен рецепт ни доаѓа од кујната на Лана, а тоа е доволно за да знаете колку е вкусен.
Ние ги обожаваме сезонските рецепти, а сега пазарите изобилуваат со карфиол. Време е да набавите едно големо парче од овој здрав и вкусен зеленчук и да направите превкусен ручек за целото семејство. Ова е едно од оние јадења кои имаат потенцијал да станат ваши омилени. Па, нека во вашиот дом мириса на запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал.
Време е за нов гурмански предизвик! Ако обожавате похуван карфиол, а немате идеја за ручек, вие сте на правото место. Овој пат, пробајте го нашиот рецепт за крцкав печен карфиол во сос од кечап, кој сигурно ќе ви се допадне. Вака подготвениот карфиол може да го послужите и како мезе со некој интересен сос или како гарнир за месо. Ова јадење е доволно хранливо да се послужи и како самостоен оброк во комбинација со свежа салата!
На сите гурмани кои сакаат да уживаат во вкусен домашен ручек, топло им препорачуваме да си направат запечени компири во сос од павлака и крем сирење. Богато јадење кое сигурно ќе ве освои уште на првиот залак. Всушност, кој може да одолее на кремасти компири кои се топат во уста и ги задоволуваат сите сетила?
Доколку сеуште го немате смислено вашето мени за велигденските празници, ние имаме една супер идеја за вас. Овој Велигден израдувајте ги вашите најблиски со вкусен пилешки терин – свечен ролат од сечкани состојки, а ние ви гарантираме дека овој ручек ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите гости.
Тиквичките се исклучително корисни за многу болести и подобрување на работата на гастроинтенстиналниот тракт, анемија, кардиоваскуларни болести, хипертензија и дебелина. Ако ја примените оваа диета со тиквички, без проблем ќе може да намалите 4 до 6 килограми за еден месец. А ако се придржавте една недела, би требало да намалите 2 до 3 килограми.
Често ве прашуваат: „Блед/а си како крпа, дали ти е добро?“. На многу луѓе, ова прашање им е добро познато. Тогаш помислувате дека уште тоа ви фали покрај уморот, главоболките, малата концентрација и недостатокот на сон. Ако и покрај тоа, забележите дека косата ви се истенчува, крајно време е да признете дека имате доволни симптоми, кои укажуваат дека имате недостаток на железо во крвта. Но, дали знаете дека со промена на навиките и примена на овие 5 едноставни начини може да го зголемите нивото на железо во крвта?