Никој не сака да поминува многу време во кујната подготвувајќи разни јадења. Уживајте во вкусна храна, а за таа цел, денес ви споделуваме едноставно мени со 2 рецепти за посни салати кои ги приготви Катерина од нашиот тим.

Креативност, вештини и одлична кулинарска дружба! Се одржа и финалната епизода од краткиот серијал Kitchen wars, кој го работевме на Ig live на инстаграм профилот на @sezahrana.mk во партнерство со Подравка. Овој пат ни готвеа 4 познати фуд блогери и истите беа поделени во два тима. Сѐ за храна тим – Катерина и Марија, и тим од победниците од претходните епизоди, Мартина и шеф Дејан. Темата беше салати и главни јадења, па учесниците ни приготвија 5 рецепти, од кои 3 салати и 2 главни јадења. Уживајте во сликите и пробајте ги јадењата!
Хељдата претставува храна која не е баш типична за нашите простори. За земја на нејзино потекло се смета Индија, а посебно е популарна во Русија. Со најновите трендови и кај нас станува сѐ попопуларно да се јаде хељда, па малку истражувавме како може да се приготвува за што поприемлив и подобар вкус.
Многумина обожаваат салати со вкусни преливи. Цезар, прелив со јогурт, прелив со зачини… Листата на преливи – сосови кои може да ги користите е долга, а оброк салатите добредојдени во било кое време. А сега во вашата тетратка со омилени рецепти запишете го овој прелив за салати со јогурт, зачини и авокадо. Сигурни сме дека ќе го засакате, бидејќи салатите добиваат многу подобар и поинтензивен кремаст вкус.
Новите рецепти за посни крем салати се добредојдени во секој момент! Слави, имендени и родендени нѐ очекуваат во на периодов на пости, а тоа е супер можност за дегустација на нови јадења. Ги избравме нашите омилени посни крем салати: посна руска, посна со макарони, посна салата со туна и посна крем салата со цвекло.
Сигурно со нетрпение го очекувавте овој ден и се прашувате колку времето брзо изминало, па сега е време да ја прославите матурата на вашето дете. А сон на секој родител е матурската трпеза да изгледа најубаво. За да ви помогнеме при изборот на солени рецепти ви подготвивме неколку предлози и ја споделуваме матурската трпеза која ја приготвивме со инспирација од Vincinni, Natura и Fantasia.
Штом зачекориме во првите пролетни денови, обично веднаш почнуваме да размислуваме и за вишокот килограми кои сме ги добиле во текот на зимата. Во зимскиот период овие дополнителни килограми е лесно да се прикријат со помош на слоевитото облекување, но во потоплите денови вистината излегува на виделина. За да ги пречекате пролетните денови во топ форма, ви ја препорачуваме оваа супер диета за пролетна преобразба.
Може да се каже дека сервирањето на риба во нашите домаќинства се смета за мала потешкотија, а тоа го дознавме од повремените пораки кои пристигнуваат до нас во врска со интересни идеи за гарнирање на риба. Така, инспирирани од вас, се надеваме ќе одговориме добро на вашето барање и ќе бидете задоволни од предлозите.