Сарма од свежа зелка 

Македонската кујна е богата со голем број на традиционални и убави рецепти. Таков е и овој рецепт за сарма од свежа зелка. Нашите баби беа вешти и ја приготвуваа оваа сарма во есенскиот период – во посна и мрсна варијанта, зависно од вкусот. Додека ја чекаме киселата зелка, може да уживаме во вкусот на сармата и со свежа зелка. Постапката за подготовка е малку поразлична, затоа што зелката прво се вари со оцет и вода, а потоа листовите се вадат.

Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: 2 рецепти – складирање на лозов лист и посна сарма со грав

Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: 2 рецепти – складирање на лозов лист и посна сарма со грав

Ја обожавам храната од природата, па често пати знам да ја складирам и за подоцна. Верувам дека многумина од вас имаат иста таква навика. Споделувам на кои два начини јас го складирам лозовиот лист и ви откривам кој е мојот омилен несекојдневен рецепт за посна сарма со оваа намирница. Рецептот го смислив пред неколку години и од тогаш го правам често. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

посна сарма за слави и секој ден 1

Посна сарма за слави и секој ден

Добри посни рецепти ни се потребни на сите, а овој е баш таков! Ви приготвив превкусна посна сарма за слави и секој ден, која може да ја направат и неискусни домаќинки баш совршено! Зимскиот период изобилува со бројни куќни слави и празници што ме потсетува на моите баби кои на трпезата ни сервираа совршено припремени мали посни сармички. Во спомен на тоа и во пресрет на убавите празници кои следат, одлучив да ве почестам со убав проверен рецепт со точно измерени дози, за да го направите без мака. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

сарма со кисела зелка

Сарма со кисела зелка по традиционален рецепт

Време е за вкусот на традицијата! Конечно започнува периодот кога сармата ќе биде застапена на трпезите. Сигурни сме дека сите домаќинки имаат свои стари рецепти за подготовка на сарма кои се пренесуваат со генерации. А денес ќе ви помогнеме да ја збогатите вашата ризница со уште еден неверојатно вкусен рецепт за сарма со кисела зелка.

sarma so meso na najlesen nacin 1

Сарма со месо на најлесен начин

Добра сарма со месо е традиционален специјалитет за македонското поднебје, а посебно во зимско време. Претставува главно јадење во кое посебно се ужива. Вкусот е киселкаст и полн, да те натера само да сакаш повеќе! А, бидејќи голем број наши пријателки ја прават, но на малку посложен начин, ви го откриваме нашиот „полесен“ рецепт за сарма со незапржено месо и без запршка. За резултатот не треба да се грижите, само следете ги чекорите како што е опишано и гарантирано е дека ќе уживате во богатиот свет на вкусовите!

посни сарми со лозов лист и нане

Посна сарма со лозов лист и нане

Сезоната на млади лозови листови само што не започнала! А сармите приготвени со лозов лист се најубави, нели? Овој пат ви претставуваме рецепт за посна сарма со лозов лист и нане, која има фантастичен вкус.

Здрави и посни сарми од лозов лист со просо 1

Здрави и посни сарми од лозов лист со просо

Го обожаваме блогот на нашата пријателка Лана, затоа што на него може да се најдат превкусни и лесно применливи рецепти, кои може да бидат припремени во секој дом. Време е на пости, па ако имате останато уште малку од замрзнатите лозови ливчиња, искористете ги пред да дојде пролетта и да ни донесе свежи. Рецептот е тука, хранлив и здрав, еве како да си направите убави посни сарми од лозов лист со просо.

Едноставен рецепт за кисела зелка - расол 1

Едноставен рецепт за кисела зелка – расол

Скоро и да нема семејство во Македонија во кое преку зимата не се подготвуваат разни јадења со кисела зелка – расол. Има многумина кои го обожаваат традиционалниот вкус на овие јадења и по тој повод ние споделуваме со вас добар рецепт кој со децении се пренесува од генерација на генерација.

Посна сарма од лозов лист со грав и маслинки

Директно од нашата кујна, сосема нов рецепт со потврден вкус од многумина кои го дегустираа нашиот специјалитет. Бидете креативни во кујна и смели да пробате нови нешта! Пробајте ја нашата посна сарма од лозов лист со грав и маслинки, неверојатна е!

Лозов лист – здрава храна за секого

Лозовиот лист е популарна храна во медитеранската кујна и намирница која е препорачлива на листата за купување кај Американците. Низ светот е познат како храна која е одлична за здравјето на срцето, богата со витамини и минерали. Поради неговата сезонска природа често може да се најде и конзервиран, што овозможува достапност преку целата година.