Кулинарската ризница сега ни е побогата со нешто уникатно, а ние пресреќни! Провидно на лик, а боите се прелеваат. Вакво слатко од трендафили не е лесно или скоро да не може да се најде, освен ако не си направиме дома. А за рецептот, искрено и големо благодарам до Весна, која нѐ учи на традицијата и споделува вистинско богатство со нас во секоја можна прилика!
