Први јуни е Светски ден на млекото. Млекото како намирница наоѓа голема примена и речиси секојдневно се користи во исхраната на луѓето. Тоа е еден од најстарите производи кои човекот ги користи во својата исхрана. Претставува природен извор на голем број витамини и минерали кои се потребни за одржување на добрата здравствена состојба.
