Време е за нов креативен потфат. Доколку ви се наближува детски роденден, а немате идеја како да ги декорирате масите, имаме супер предлог за вас. Направете свеќи мафини и тоа без силиконски калапи.

Со топлите денови се појавија и многубројните инсекти кои често ни ги расипуваат убавите летни ноќи со нивните убоди и здодевно зуење. Но, постои многу ефикасен начин за да се солободите од овој непријатен проблем. Направете сами ароматични декоративни тегли за одбивање на инсекти без штетни хемикалии.
Деновите околу новогодишните празници се прекрасни, еуфорични и исполнети со радост, а посебно убаво е тоа што и самите можеме да придонесеме во бурата убави чувства и тоа во голема мера! Наместо да ви пречат дома, направете декоративни свеќници од чаши и вишокот од кујната ќе стане елегантен декоративен елемент во домот кој симболизира убаво расположение и празнични желби! 🙂
Дома сигурно имате еден куп празни тегли кои фаќаат прашина без никаква корисна намена. Еден дел од испразнетите тегли од мајонез, корнишони, печурки може да ги искоритите за зимница, а од оние што ќе ви останат неискористени може да направите свеќници со уникатен изглед, кои ќе бидат совршен детал за вашиот дом или тераса.