ќебапи и плескавици

Најдобри совети за вкусни ќебапи и плескавици

За денот на трудот традиционално се оди на излет и се прави скара, па доколку сакате овој 1-ви Мај да имате навистина добро подготвено месо, наместо да купувате готови смеси за ќебапи и плескавици, направете си ги сами. Со помош на нашите инструкции и рецепти може да ги направите најдобри ќебапи и плескавици досега.

Ролат од свинско филе со зеленчук и кашкавал 1

Ролат од свинско филе со зеленчук и кашкавал

Овој избор на состојки не може, а да не даде фантастичен резултат! Па и вака организирани во ролат од свинско филе со зеленчук и надополнети со сочноста на кашкавалот, што да кажеме, мора да се направи во првата погодна прилика за време на радување со саканите!

свинско месо во сос

Печено свинско месо во сос од бело вино

Гурманнски предизвик за свечен ручек или вечера со семејството! Ако сакате да го изненадите партнерот со вкусен рецепт ви предлагаме да го пробате печеното свинско месо во сос од бело вино.

свинско месо во грне

Печено свинско месо со кромид и суви пиперки во грне

Рецепт кој не остави без коментар! Традиционален вкус за печено свинско месо со кромид, суви пиперки, моркови и печурки! Овој супер предлог за богат ручек или вечера ни доаѓа од кујната на Клара.

Штипска пастрмајлија на домашен начин 1

Штипска пастрмајлија на домашен начин

Македонска или штипска пастрмајлија е едно од најобожаваните јадења во нашата земја. На далеку слушнале, многумина пробале и раскажале дека е превкусна! Добрата вест е што сега имаме рецепт кој потполно ќе ве освои и ќе посакате да го запишете во вашата домашна тетратка!

Ѓувеч со свинско месо 1

Ѓувеч со свинско месо

Превкусниот ѓувеч со свинско месо е старинска тава која може да се направи на 2 начини, со претходно пржење на зеленчукот, па печење или директно во тава, па печење. „Секако на сите ни одговара втората варијанта, ем побрзо, ем поздраво, а вкусот е тој, истиот, во главно… Единствено го пржам месото.“ – ни посочи Весна.

Полнето свинско месо со печурки

Нашата пријателка Лана, повторно изненадува со одличен рецепт за полнето свинско месо со печурки. Овој ролат од месо е идеален за богат семеен ручек или за свечена трпеза за куќна прослава, именден или роденден.

Свинско месо во сос со палента

Свинско месо во сос со палента

Свинско месо во сос со палента е фантастичен рецепт за целото семејство! Ние знаеме дека секоја храна има своја специфичност и е највкусна кога е подготвена на најдобриот начин, па во овој случај ви предлагаме испробан рецепт за едноставната за припрема палента.

Беровско-тавче

Беровско тавче

Уникатната комбинација на месо, кашкавал и зеленчук, во прекрасен специјалитет кој може да го послужите како главно јадење. Оваа тава е препознатлива за Беровскиот крај, а ние со големо задоволство го споделуваме рецептот со вас.