Брза и лесна салата со компири и спанаќ

Додека пазарите изобилуваат со свеж спанаќ, искористете го моментот и направете ја оваа брза и лесна салата. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна. Оваа салата со компири и спанаќ зачинета со ладно цедено масло од семки од тиква е одличен избор за сите кои сакаат да се хранат здраво и внимаваат на својата линија. Можете да ја послужите како гарнир со главното јадење или како засебен оборк.