компир пире со 3 сирења

Пире од компири со 3 сирења

Здосадено ви е да го приготвувате едноставното компир пире без никакви додатоци, па сакате да направите нешто ново? – Пробајте го овој рецепт за пире од компири со 3 сирења. Лесен е за подготовка, а е многу вкусен. Одличен избор и за вегетаријанците.

даска со сирења

Сирења со врвен квалитет и соодветно вино – идеален рецепт за префинето мезе

За да направите врвна даска со сирења со која ќе ги воодушевите гостите или партнерот на некоја романтична вечера, потребни ви се малку труд, креативност и се разбира – квалитетни сирења. При подготвувањето на даска со сирења за вистински гурмани, треба да внимавате таа да биде префинета и да содржи сирења со различен вкус и шмек. А тоа ќе го постигнете само доколку користите врвни сирења што ќе ги искомбинирате со сушено или свежо овошје, јаткасти плодови, џем или мед. Дополнително, мора да внимавате да ја послужите даската со соодветен пијалак, квалитетно вино или пиво, кои соодветно се комбинираат со сирењата.   

пица со четири сирења

Пица со четири сирења – Quattro Formaggi

За љубителите на сирење, оваа пица со четири сирења е вистински рај! Позната е под името Quattro Formaggi, што во превод значи четири сирења. Традиционално се приготвува со моцарела, страчино, фонтина и горгонзола. Но, честопати едно од последните три сирења може да се замени со рикота.