Сигурно имате слушнато или прочитано која храна се препорачува да се консумира при анемија, а многу малку се знае кои намирници треба да се избегнуваат при намален хемоглобин и железо во крвта. Тоа беше наша мотивација за ново истражување и збогатување на знаењето на сите! – Познато е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, но некои намирници кои се богати со калциум или кофеин може негативно да влијаат на неговата искористеност. Во продолжение дознајте кои намирници треба да ги избегнувате при анемија.
