Добри посни рецепти ни се потребни на сите, а овој е баш таков! Ви приготвив превкусна посна сарма за слави и секој ден, која може да ја направат и неискусни домаќинки баш совршено! Зимскиот период изобилува со бројни куќни слави и празници што ме потсетува на моите баби кои на трпезата ни сервираа совршено припремени мали посни сармички. Во спомен на тоа и во пресрет на убавите празници кои следат, одлучив да ве почестам со убав проверен рецепт со точно измерени дози, за да го направите без мака. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
