Со затоплувањето на времето сите сме во очекување на летното расположение, одмор, долги вечери покрај море, планина или во зелените паркови. Гледано од кулинарски аспект, летото е синоним за освежителните домашни сладоледи кои сите ги обожаваат. Ванила, чоколадо, јагода, праски… листата на сладоледи е долга.
