Започна сезоната на смоквите, рајското овошје кое дава сила, го одржува здравјето и ги намалува брчките. Без разлика дали ги јадете свежи или сушени, смоквите се подеднакво лековити и корисни за нашето тело. Има многу вкусни рецепти со смокви, а ние ви предлагаме да пробате 2 од архивата на Катерина од нашиот тим. Мармалад или слатко, изборот е ваш!
