Овој е посебен рецепт за домашно слатко од сливи, а знаете ли зошто? Не ви е потребно специфичното варење во варова вода, а наместо тоа можете да го приготвите со помош на сода бикарбона. Лесно за изведба во домашни услови!

Најдобрите 5 рецепти за слатко, мармалад, џем, компот и сок од јагоди, на едно место! Јагодите, овој период може да се најдат на пазарите по пристапни цени, па вреди да одвоите малку време и да направите вкусно слатко, освежителен мармалад, џем за 10 минути, компот без шеќер или сок од јагоди, кои не содржат конзерванси.
Ако ги обожавате јагодите и во зимскиот период, а често приготвувате различни десерти или смуди, наместо да купувате замрзнати кои имаат висока цена, сега може да си набавите поголеми количини и да ги замрзнете. Ви претставуваме едноставен начин за замрзнување на јагоди, кои имаат многу подобар вкус во споредба со тие кои што може да ги купите во маркетите.
Лубеницата е овошје кое овозможува исклучително голема свежина и чувство на сочност во устата, поради што наидува на многу позитивни реакции и посакување од сите нас. Овој пат, благодарение на Весна ви предлагаме еден малку поинаков начин за дегустација, а тоа е во вид на домашно слатко од лубеница. Вреди да се проба, затоа што вака лубеницата може да се искористи потполно заедно со нејзината кора.
Слаткото од вишни е омилено на многумина од нас, а сезоната на вишни е во полн ек! Домашно приготвените сок, мармалад, компот и слатко од вишни без конзерванси, редовно се припремаат секоја година и се задолжителни на рафтовите во нашата зимница. Овај пат ви го споделуваме рецептот за слатко од вишни на нашата пријателка Лана, кој е објавен на блогот Kuhinjica Mignone. Слаткото совршено се вклопува во сладолед, палачинки и голем број на десерти.
Едно од омилените летни овошја на многумина се јаготките. Малите, вкусни и слатки црвени јаготки ги сакаат и децата и возрасните. А одличен рецепт за слатко од јагоди ни испрати Клара. Домашното слатко од јагоди е прав избор за засладување кога ќе ви се најават гости, а може да го користите за подготовка на торти и колачи или пак како прелив за овошен сладолед.