модерни пакувања

Модерни пакувања за докажано најквалитетните Слога Пром производи

(Кавадарци, 12.10.2021) – Производите со докажан квалитет на познатиот бренд Слога Пром, во продавниците ширум земјава наскоро ќе бидат во ново, модерно дизајнирано пакување. Секој производ од широката палета на внимателно замрзнатото месо сега имаат нов визуелен идентитет, со амбалажа  специфична по боја и дизајн. Со тоа секој потрошувач лесно и брзо може да одбере производ кој му е потребен.

Каква технологија стои зад процесот замрзната храна? 

Замрзнувањето на храната е добро воспоставен процес за зачувување што ги обезбедува квалитативните и нутритивните карактеристики на храната на подолг период. Како најстар и најпознат метод на конзервирање на храната, без употреба на какви било додатоци, замрзнувањето својата примена ја има и денес, дури и во далеку поголем обем и со поголемо значење. Со претворањето на влагата во мраз, се заштитува и конзервира храната и на тој начин се зачувува, посебно месото од моментот на достапноста до нејзината подготовка за јадење.