Микс од овошје или зеленчук во чаша е одлична идеја за здрав почеток на денот! А, ако сте во потрага по хранливо, вкусно и здраво освежување, ова смути од банана е вистинскиот избор за вас! Ќе го направите многу брзо и лесно, а ќе ви бидат потребни само неколку состојки.
„Јаболко, цимет и банана – популарна есенска комбинација која го зајакнува имунитетот и ќе ви даде енергија за цел ден! Предизвикот за подготовка на оброк кој го зајакнува имунитетот ми го дадоа списанието Убавина и здравје, па овој супер здрав рецепт може да го најдете и во ноемврискиот број. Есенското смути со јаболко и цимет е хранливо, богато со растителни влакна, витамини и минерали и се препорчува за вегани, лица кои практикуваат исхрана без шеќер и без глутен, како и за време на пости.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на нашиот сајт.
Ова е моето омилено смути на сите времиња! Толку добро и лесно, енергично и освежително, совршено за хранење, но и детокс на организмот! Слатко, а без шеќер, хранливо и здраво калорично, без глутен, совршен спој од состојки! Често ви го спомнувам син ми и сега ќе ви кажам пак, уште од најмал ми е идеално гурманско друштво и секое „Мама сакам зелено смути!“, неизмерно ме радува! Имаме многу утрински фотографии како пиеме заедно, па ве охрабрувам да го пробате и понудите најдоброто зелено смути за 5 минути на вашите сакани, на децата, на родителите, на пријателите и да направите свои спомени.
Кремасто и освежително, тропско и екстра хранливо! Направи здрав избор и започни го денот со смути со спирулина и банана. Дава енергија и освежува, а тоа може да го потвриме ние. Често е наш тимски оброк, па така се роди идејата да направиме кратко видео од подготовката.
По долгата зима, кога во нашата исхрана недостасува свежо овошје и зеленчук, може да се појават непријатни симптоми како хроничен замор, главоболки, депресија и намален имунитет. Тоа се симптоми кои укажуваат дека е време за детоксикација на организмот. Променете ја исхраната и подготовката на храната. Наместо пржена и печена храна, јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук. Обидете се да готвите на пареа, бидејќи овој начин на готвење остава најмногу витамини и минерали во храната. Подгответе сами домашни сокови од овошје и зеленчук или направете пролетно зелено смути за детоксикација на организмот.
Летото е на прагот, а ние копнееме по свежи и зелени оброци! Од таму ни е и идејата да направиме освежително смути со спирулина. Го споделуваме со вас токму затоа што е нутритивно богато и е лесно за подготовка. Совршен рецепт за сите вегани и оние кои постат или се на диета. Се надеваме дека ќе ви се допадне, а ако го пробате тагитајте ја @sezahrana.mk!
Имаме супер рецепт за пролетно смути со банана и малини! Направено со кокосово млеко за уште подобро уживање и дополнителна количина на витамини и минерали. Здрав избор за почеток на денот, без шеќер, веган (посно) и без глутен. Пробајте го во првата прилика.
Започнете го утрото полни со енергија! Направете си брзо протеинско смути со путер од јаткасти плодови и спремете се за убав старт на денот. Состојките во неговиот состав ќе ви овозможат енергија и да се чувствувате силно. Ќе ви годи што полесно ќе ги извршувате обврските, а вкусот пак, ќе ве натера да го подготвувате секој ден.
Освежително и полно со витамини и антиоксиданси, сигурни сме дека ова вкусно смути од замрзнато овошје ќе стане вашиот омилен здрав пијалок ова лето. Се подготвува за 5 минути, па е совршено за оние денови кога наутро немате многу време за подготовка на појадок, а сепак сакате да го започнете денот здраво и вкусно. Сѐ што ви треба за да го подготвите ова освежително смути е да си набавите замрзнато овошје и забавата може да започне.
Најчесто смути пијалаците се популарни во летните и топли денови кога сакаме да пиеме нешто што освежува и разладува. А, овој пијалак изобилува со хранливи материи, витамини, минерали и протеини, па е вистинска штета да не се консумира и во ладните и зимски денови. За таа цел, споделуваме со вас рецепт за зимско смути со спирулина, кое благодарение на зачините има загревачки ефект и е одличен пијалак за ладните денови!
Искористете ги придобивките кои ни ги нуди природата! Чинија полна со здравје е чинијата полна со витамини и минерали од овошје и зеленчук! – Свежи и хранливи за сечиј вкус. А сега, за совршен почеток на денот и енергија, ви подготвивме нов рецепт за смути со банана и спирулина.
Доколку имате навика често да консумирате салати и смути, оваа листа на семиња е идеална за вас! Со додавањето на семиња во овошна или зеленчукова комбинација, се зголемуваат витамините, минералите, протеините и здравите масти во оброкот. Во продолжение дознајте кои се најдобри семиња за смути, а се препорачани од нутриционистите.
Лубеницата не е само освежувачка и вкусна, туку е и храна што содржи мал број на калории, а изобилува со витамини, особено А и Ц. Таа исто така содржи ликопен за кој некои студии тврдат дека има анти канцер ефект, особено врз органите на дигестивниот систем. Па, ајде да ја искористиме сезоната на лубеници која сега е во полн ек и ова лето здраво да слабееме и разладуваме со ова вкусно смуди од лубеница за слабеење.
Време е да ги искористиме благодатите кои ни ги нудат калинките. А дали сте пробале сок или пак смути со калинки? Освежуваат, даваат енергија и се добредојдени за секој период од денот. Па, ако имате калинки на располагање, направете смути.
Започнете го денот со зелено смути, богато со антиоксиданси и витамини! Сезоната на јаболка и грозје е во полн ек, па да ги искористиме овие дарови од природата. Ако досега не сте пробале смути со грозје и јаболко, ова е прав момент за ново доживување.