Јапонски јаболка – храна на боговите! Ова егзотично овошје кое оригинално потекува од Кина, е богато со многу хранливи материи, витамини, минерали и антиоксиданси. Во текот на секоја сезона од созревањето, овошките може да го менуваат обликот. Исто така, варираат со големина од 50 до 500 грама. Бојата на овошјето може да биде од светло жолта до темно портокалова. Се јаде цела овошка, освен семките и стебленцето. Се препорачува да се јаде свежо, но може да се направи и домашен сок од јапонски јаболка, компот или слатко. А во азиската кујна, многу често се консумира и во сушена форма како додаток на колачи и ориз.
