Во последните години слатките традиционални кнедли доживуваат разни измени во составот и вкусот. Па така, сега можат да се најдат и многу рецепти за солени кнедли, а не само благи. А, еве од нас еден предлог за подготовка на кнедли со спанаќ.

Новонастанатата ситуација со корона вирусот налага нови правила на живот со цел полесно и побрзо да се справиме со епидемијата. Еден од главните и најефикасни совети покрај тоа често да ги миеме и дезинфицираме рацете е сите да останеме дома и да не излегуваме без причина. Слободното време може да го исполниме со гледање филмови, читање книги, но и готвење, чистење и пролетно средување на домот. За полесни денови припремивме листа на 17 избрани рецепти за солени стапчиња, грицки и бисквити.
Сигурно со нетрпение го очекувавте овој ден и се прашувате колку времето брзо изминало, па сега е време да ја прославите матурата на вашето дете. А сон на секој родител е матурската трпеза да изгледа најубаво. За да ви помогнеме при изборот на солени рецепти ви подготвивме неколку предлози и ја споделуваме матурската трпеза која ја приготвивме со инспирација од Vincinni, Natura и Fantasia.
Имаме нов супер брз и лесен рецепт за солени стапчиња кој ни доаѓа од кујната на Лана. Овие солени стапчиња со маслинки и кашкавал се полн погодок за сите оние кои ја обожаваат медитеранската кујна, но и за сите останати кои сакаат да грицкаат нешто домашно и вкусно додека го гледаат омилениот филм или спортски натпревар. По желба, секако може да ги направите и со други состојки по сопствен вкус, изборот е ваш, а можностите на комбинации на вкусови се неограничени.
Супер рецепт за сите оние кои обожаваат да грицкаат нешто додека гледаат телевизија или пак во комбинација со пиво. Убавото кај овој рецепт е тоа што овие посни солени бисквити многу лесно и брзо се прават, а уште побрзо се јадат. Одлични се за мезење со добро друштво, а нас нѐ фасцинира тоа што може да се комбинираат со разни намази и да се прават во повеќе вкусови.
Домашните солени стапчиња се највкусни, лесно се прават и сигурно целото семејство ќе се израдува доколку ги направите. А послужени со вкусен сос се идеални како мезе за пријателите, гледање на филм или некој фудбалски натпревар. Па, токму и така се роди идејата да направиме солени стапчиња со оригано, буковец и копар. Овие зачини ги набавивме од Рајска градина и ни беа инспирација да приготвиме нешто интересно.