Здравјето е најважно, нели? – Сите сакаме да бидеме здрави, а за тоа ни е потребна храна меѓу другото богата со незаситени масти. Од масните киселини, на организмот најпотребни му се омега 3 мастите кои помагаат во зачувување на здравјето.

Во нашето тело се присутни голем број на нутриенти кои се од голема важност за нормално функционирање на организмот. Таков нутриент е и прочуениот коензим Q10. Коензимот Q10 е позната состојка на храната која има улога во подмладување на телото и зачувување на целокупното здравје. Затоа решивме да направиме мало истражување. Ви ги откриваме најзначајните придобивки зошто на организмот му е потребен коензим Q10.
И покрај сите препораки од стручњаците, како на светско, така и на домашно ниво, бројот на заболени од кардиоваскуларни заболувања, од ден на ден расте. Во продолжение разработуваме нешто повеќе во склоп на оваа тема, како за ризик факторите, така и за начините на кои истите може да ги намалите. Препорачуваме да прочитате и да се потсетите што е добро да се прави за здраво срце и крвни садови кои гарантираат долг животен век.
Веќе долго време се дебатира околу тоа дали чоколадото е добро или не за здравјето. И штом прочитаме некое истражување дека е здраво и може да го консумираме без грижа на совест, веднаш потоа се појавува друго кое го тврди спротивното. Тоа ни беше мотивација да посветиме повеќе време на оваа тема. Ви претставуваме пет причини на кои наидовме при нашето истражување, зошто е пожелно да се јаде чоколадо, а особено од женскиот пол.
Коензимот Q10 (CoQ10) е есенцијален елемент значаен за секојдневните функции на организмот, а е потребен за секоја клетка во телото. Најмногу е познат како антиоксиданс кој ги штити клетките од стареење, а често влегува и во состав на различни козметички средства. Но, CoQ10 се користи во медицината неколку декади, особено при третман на срцеви проблеми.
Редовната консумација на овошје и зеленчук, како и физичката активност се основа за добро здравје. А секако предност треба да се даде на сезонскиот зеленчук и овошје. Со доаѓањето на пролетта, се буди природата, а на пазарите се зголемува изборот на свежа храна, која секогаш е добредојдена на трпезата. А со пролетта, ни доаѓа и младиот кромид, кој е вкусен, но и моќен сојузник на здравјето.