селенот е минерал на долговечноста

Селенот е минерал на долговечноста

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Тој е од особено значење затоа што го зголемува имунитетот, има улога на антиоксиданс и се бори против оштетувањето и воспаленијата предизвикани од штетните радикали. Освен тоа, игра и клучна улога во одржувањето на здравиот метаболизам. Во комбинација со витаминот Е, витаминот Ц и бета каротен, придонесува за намалување на нивото на лошиот холестерол. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Затоа, со право се нарекува минерал на долговечноста!