5 креативни идеи и рецепти со мед и таан

Бидете здрави, силни и енергични! Зајакнете го имунитетот, подобрете ја крвната слика, направете детоксикација со „лекот“ од нашите баби! За да го постигнете тоа преку храната, може да ви помогне лековитата комбинација од мед и таан кои се први на листата на најздрави намирници! Ви претставуваме 5 креативни идеи и рецепти во кои може да додавате мед и таан, и да ги искористите придобивките од природата.

Мед и таан – совршена комбинација која е моќен чувар на здравјето

Храната која е вкусна, но истовремено здрава и има бројни придобивки е добредојдена во секој момент! Природата ни нуди многу лекови, но истите треба да се знаат и да се консумираат. Овој пат вниманието ни го привлече омилената комбинација на мед и таан која традиционално се користи во алтернативната медицина долги години. Направивме ново истражување на оваа тема, па ве запознаваме подетално со нашите мали откритија.

Посна паштета од туна и таан 1

Посна паштета од туна и таан – домашен рецепт

Одлична на вкус и лесна за правење. Сигурни сме дека во деновите на пости или кога сакате домашна вкусна храна, рецептот за оваа посна паштета од туна и таан и тоа како ќе ви користи. Вреди да се проба!