Како резултат на секојдневната употреба на бричеви и средства против потење, кожата под пазувите станува темна и непривлечна. Оваа појава е многу честа и фрустрирачка. Но, не мора повеќе да ги криете темните пазуви носејќи блузи со ракави. Имаме решение со кое може да уживате во вашите омилени маички. Наидовме на еден интересен домашен третман против темни пазуви кој со помош на сода бикарбона и морска сол ќе ве ослободи од непријатните дамки.
