Што има повкусно од домашно топло чоколадо во ладните есенски денови? Ем ќе ве заслади, ем ќе ве згрее! И додека повеќето од нас подготвуваат чај или пак салеп, најдобриот топол напиток несомнено е домашното топло чоколадо.

Дали знаете дека темното чоколадо може да се јаде и при диета? Тоа е сојузник на добрата линија, а бидејќи се смета за здрава ужина се препорачува да се консумира секој ден по две до три коцки. Древните Маи го сметале за храна на боговите и не погрешиле: чоколадото е добро за здравјето. Секако, тоа се однесува на темното чоколадо. Имено, колку е потемно, толку е подобро за вашето здравје.
Прекрасниот браун колач го направи нашата пријателка од блогот Trydiani од Бугарија, а ние не можевме да му одолееме и со големо воодушевување го споделуваме со вас. Одлично се вклопува со шолја утринско кафе, како десерт после лесна вечера, а исто така може да ви послужи како фантастична викенд идеја за заблажување. Погледнете како може да го направите.