Можеме да кажеме дека оваа евтина и лесна торта со јаболка е една од традиционалните, кои се многу вкусни и ги правеле и нашите баби. Па, вреди да ја сочуваме традицијата и убавите македонски рецепти.

Состојките кои ги содржи оваа чоколадна торта со ржано брашно и направена без шеќер се избрани за да биде што поздрава, да може да ја јадат што повеќе луѓе и да се уверат дека и здравото може да биде вкусно. Слободно може да им ја сервирате и на децата. Вкусот е многу пријатен и пожелен, па не го одбиваат, испробавме!
Овој вкусен македонски традиционален десерт се приготвува многу одамна. И не само во Македонија. Раванијата се прави низ целиот Балкан. Го правеле нашите баби, а ние сакаме да ја продолжиме таа традиција и да ја шириме македонската кујна. Затоа, го споделуваме овој испробан рецепт за раванија со гриз од нашата кујна.
Најдобрите идеи се „раѓаат“ кога на креативноста и е дадена слобода и време! Така, припремајќи се за убава прошетка и размислувајќи што вкусно и здраво да понесеме со себе, во нашата кујна создадовме рецепт за безглутенска солена торта со урда и зеленчук! Ние ја јадевме за појадок, а за да го надополниме уживањето купивме и јогурт. Одлично и испробано трајно за носење и преку цел ден, препорачуваме да пробате!
Оваа фондан маса е направена на база на мед и желатин, без глицерин. Многу едноставно се приготвува, само треба да се внимава на количината на состојките кои се користат, особено медот, желатинот и маргаринот, а шеќерот се додава постепено, додека се добие фондан кој не е леплив, а не е и премногу сув.