Сакате да пробате нешто ново и многу вкусно? Можеби досега сте јаделе тако или бурито, а сега е време за ново гастрономско дегустирање. Направете мексиканска тако салата и послужете ја во чинии од тортиљи. Изгледа предобро, зарем не?
Доколку сте љубители на мексиканската храна, пробајте го крцкавиот тортиља чипс со мелено ленено семе. Може да го послужите со гвакамоле или било кој сос и намаз по ваша желба. Се прави брзо, а неговата крцкава текстура ќе ве освои уште на првиот залак.
Превкусна е и едноставна! Здрава и безглутенска закуска за уживање! Ја подготвивме со љубов во нашата кујна, а бидејќи бевме презадоволни од вкусот на нашата овесна тортиља со фил од печурки, се знае, моравме да ја споделиме со вас!
За време на омилените филмови или ТВ серии, фудбалски или кошаркарски натпревари, често сакаме да грицкаме нешто. Сега можете слободно да ги повикате вашите пријатели и уживајте заедно во неодоливиот вкус на тако чипс.