Кога станува збор за сок од цвекло, топло би препорачале да си го правите дома од свежо, неварено цвекло. Така ќе знаете дека е сокот е свеж и содржи што повеќе корисни хранливи материи. Покрај останатите корисни хранливи нутриенти, цвеклото е богато со антоцијани – антиоксиданси и природни пигменти кои му ја даваат бојата и во голема мера се заслужни за превенција од кардиоваскуларни заболувања и тумори.
