Дали и вам ви се случило да влезете во dm да купите гел за туширање или шампон, а половина час подоцна да излезете со полна кеси производи? Ви звучи познато, нели? Шопингот во дрогериите на dm за многумина од нас е вистинско уживање. Почнувајќи од атмосферата, љубезните вработени, па сѐ до асортиманот кој го нудат овие дрогерии…секогаш можеме да најдеме сѐ што ни треба за нас, нашите најмали, нашиот дом.
