витамин Б1

Сѐ што треба да знаете за витаминот Б1 – тиамин

Претходно пишувавме за симптомите кои се јавуваат при недостаток од витамин Б1, а сега ќе ве запознаеме со изворите, улогата и дневните потреби на организмот од овој витамин. Тој е важен за правилен метаболизам, добро функционирање на нервите и мускулите и подобрување на менталното здравје. Житарките, некои овошки и зеленчуци се добар извор на витамин Б1, а дневните препорачани количини зависат од полот, како и од состојбата на лицата. 

амино киселини

Што се есенцијални аминокиселини, која е нивната улога и која храна е богата со нив?

Аминокиселините се органски соединија кои учествуваат во градбата на протеините. Здравиот организам може сам да синтетизира 10 протеински аминокиселини. Овие аминокиселини се нарекуваат не есенцијални. Есенцијалните аминокиселини организмот не може сам да ги произведе, па мора да се внесуваат преку храната.

улога на железо

Улогата на железото за здраво тело и здрав дух

Анемијата е честа појава за која многумина знаат дека е предизвикана од недостаток на железо во организмот. Но, железото не е само составен дел од црвените крвни клетки, туку тоа извршува уште многу други важни функции во нашето тело. За улогата на железото во организмот прочитајте повеќе во текстот кој следува.

антиоксиданси

7 причини да јадете храна богата со антиоксиданси

Сигурно досега сте прочитале или слушнале дека антиоксидансите се многу важни за нашето здравје. А голем број на експерти апелираат дека треба да се стремиме да консумираме храна богата со антиоксиданси за да ја спречиме појавата на болести.

витамин а

Витамин А за правилен раст, развој и силен имунитет

Витаминот А е првиот откриен витамин, па затоа е именуван со првата буква од латиницата. Припаѓа на групата на витамини растворливи во масти, а има голем број на улоги во организмот кои се неопходни за зачување на доброто здравје.

витамин е

Витамин Е – витамин на младоста

Витаминот Е припаѓа на групата витамини растворливи во масти. Тој е антиоксиданс и има улога да ги превенира оштетувањата на клетките во телото, а може да се најде во различна храна, масти и масла. Антиоксидансите го штитат организмот од појава на сериозни заболувања како што се срцевите болести и канцер.