Загрижувачки е фактот дека 25% од децата и тинејџерите имаат недостаток на вода во текот на денот. Тие најчесто ја заменуваат водата со овошни или газирани сокови или некои други засладени пијалаци. Освен децата, и возрасните често пати се соочуваат со недостаток на вода, кој е поизразен во топлите денови. Дехидрирањето е важен проблем за здравјето, па искрено препорачуваме да издвоите неколку минути од своето време и да го прочитате текстов до крај.
