Ти се случило воспаление на ушите или да имаш повремено чувство на ѕвонење? Дали знаеш која е причината за оваа појава? – Симптомот познат како тинитус се јавува кај 15 до 20 проценти од популацијата, а што е важно, влијае на намалување на квалитетот на животот. Предизвикува замор, несоница, тешкотии со концентрирањето и паметењето, депресија и анксиозност. А, кој сака да се справува со вакви непријатни нешта? – Никој!
Д-р Нела Деспотовска советува: Ослободете се од непријатното зуење во ушите
Секогаш се добредојдени прашањата од читателите! Особено нè радува тоа што ни се обраќаат токму нам, а ние им помагаме колку што сме во можност. Овој пат, наша читателка се обрати за еден релативно чест проблем, а тоа е зуење во ушите. За да ѝ ги дадеме најдобрите, прашањето го испративме до Д-р Нела Деспотовска, која како и секогаш, со задоволство ни одговори. Во оваа прилика, тие совети ги споделуваме и со вас.
Што може да помогне при тинитус – зуење во ушите?
Тинитус или зуењето во ушите иако само по себе не е болест, претставува многу непријатна појава. Може да се појави во облик на ѕвонење, бранување, свирење, шуштење, брмчење или ѕунење, да биде тивко или гласно. Овие звуци може да се слушаат повремено или постојано и со различна гласност. Честопати се засилуваат кога ќе стивне надворешната врева, а тоа е најзабележително кога ноќе се обидувате да заспиете во тивка соба. Медицината досега не нашла лек за оваа појава, но за среќа постојат некои природни средства со кои може да се ублажи.