Кога станува збор за вегански и посни рецепти, често го посетуваме Youtube каналот на dm-drogerie markt Makedonija, каде го најдовме овој супер рецепт за вегански уштипци со сос, кој по наше мислење е супер за мезење за разни пригоди.

Привлечната брокула се смета за вистинска ризница од витамини и хранливи материи. Нејзиниот совршен и софистициран изглед ги плени нашите сетила, одмор за очите и празник за усните. Па, ако сакате почесто да ја вклучите во исхраната, а не знаете како да ја приготвите, повелете листа од 7 лесни рецепти со брокула, за главно јадење, предјадење, тестенини и чорби кои ги припремија авторите на sezahrana.mk.
Ако сакате превкусно и многу брзо мезе кое се прави баш лесно, треба да ги пробате нашите уштипци од туна и ориз. Целото наше друштво ги одобри, а среќни сме што и мажите и жените реагираа подеднакво позитивно на нивниот вкус. Рецептот доаѓа од нашата кујна, а ние задоволни од него топло ви препорачуваме да го пробате.