Дали знаевте дека едно чешне лук, ситно сечкано или изгмечено, дава многу повеќе вкус од десет цели чешниња кои се термички обработени? – Македонската кујна е ризница на специјалитети и вкусови кои ги предаваме од колено на колено. Низ цела таа кулинарска традиција, се провлекуваат повеќе зачини и билки, но лукот е најчесто употребуван. Им дава фантастична арома на јадењата и претставува 100% природен антибиотик и ефикасен борец против вирусни заболувања. Тоа е факт кој никој од нас не смее да го занемари, а денес споделуваме уште неколку интересни факти за лукот кои можеби не сте ги знаеле.
