Непријатните мириси во кујната повеќе нема да ви пречат. Ви откриваме што да направите самите дома за да се справите со нив. Станува збор за неколку едноставни и евтини решенија. Погледнете ги и секако пробајте ги кога ќе имате потреба.

Ставањето на свежи намирници во фрижидер е навика, бидејќи сите мислат дека тие таму ќе останат подолго свежи, но тоа не е секогаш најдобро. Проблемот настанува кога фрижидерот е преполн со намирници, како што е овошјето и производи кои во себе содржат висок процент на вода. Наш совет е некои производи, а често пати тоа се некакви овошја и зеленчуци, да ги чувате надвор од него, на собна темперетура.
Иако најновите фрижидери во главно се произведуваат со „no frost“ технологија, а тоа е всушност онаа која не дозволува да се создава мраз по ѕидовите на фрижидерот, голем број домаќинства повремено се соочуваат со тој проблем. Наместо да ги „топите“ насобраните наслаги, пробајте го овој едноставен трик кој не дозволува да се создава мраз во фрижидерот.
Правилното чување на храната во фрижидерот е во големо значање, за да се продолжи рокот на употреба, но и да се зачуваат хранливите состојки. Едно од најважните правила кое треба да го применувате е лесно и едноставно. Приготвената храна чувајте ја во садови со капак, за да се заштити од сувиот воздух во фрижидерот. На овој начин, се спречува преносот на бактериите и мирисите, а се зачувува хранливиот состав на храната.
Лимоните наоѓаат голема примена во подготовката на јадења, од салати до риби и десерти. Но, често се случува да немаме достапни свежи лимони при рака, понекогаш тие се исушени, при што е тешко да се исцеди сок или пак за кратко време по купувањето да мувлосаат. Затоа се одлучивме да ги пронајдеме најдобрите совети за чување на лимони подолг временски период, без да се намали нивниот квалитет и да останат сочни до моментот на користење.
Млекото како намирница наоѓа голема примена и речиси секојдневно се користи во исхраната на луѓето. Тоа е еден од најстарите производи кои човекот ги користи во својата исхрана. Претставува природен извор на голем број витамини и минерали кои се потребни за одржување на добрата здравствена состојба.
Сега може да уживате во свежината на морковите и до 3 месеци после купувањето. Применете ги следните начини на чување и имајте секогаш свежи моркови при рака. Најдобриот трик за да се зачува свежината на морковите е да се минимизира количина на вода која ја губат со текот на чувањето. Морковите кои имаат подебела кора, побавно ја губат влагата и се најдобри за чување на подолг временски период.