Фстаците на многумина им се едни од омилените грицки. Тие се одлична занимација додека гледаме телевизија, а се совршено мезе и за со пиво. Кога би ги знаеле здравствените придобивки од фстаците, сигурни сме дека почесто ќе ги консумирате.

Сите јаткасти плодови имаат различна здравствена вредност за организмот, некои од нив се богати со калциум, некои имаат голема содржина на протеини, а во голем дел содржат и масти. Изберете го најдобриот вкус за вас, а во меѓувреме дознајте зошто јаткастите плодови се многу препорачувана храна и корисна за целиот организам.
Што се однесува до хранливата вредност на превкусните ф’стаци, може само да се потврди дека добрите работи доаѓаат во мало пакување. Околу 50 ф’стаци содржат изобилство од витамини, минерали и други нутриенти (материи) кои му се потребни на телото да функционира и да остане здраво. И сето тоа е еднакво на само 160 калории.